ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зетот на Ахмети и неговиот партнер за една година заработиле милиони евра

12 милиони евра обрт или профит од 2,5 милиони евра за една година – ова е портфолиото на фирмата на зетот на Ахмети „К.С.А. Интернатионал“ – компанија која ја формирал заедно со Ерџан Сулкоски во јануари минатата година. Компанијата како што објави емисијата 360 степени е со седиште во станбена зграда во која повеќе станови и локали, се во сопственост на фирмата „Пуцко Петрол“ или на семејството Јахоски, односно на пратеникот од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Но и покрај вртоглаво успешниот старт на компанијата, партнерот на зетот на Ахмети, Сулкоски не е задоволен, па истата година влегува и во нов бизнис – за само 24 000 евра купува 65% од компанијата „РКМ“ и тоа баш кога фирмата добила два тендера за набавка на мазут за потребите на Електрани на Северна Македонија од вкупно 112 милиони евра.

Со влезот на Сулкоски оваа компанија процветува – ако во 2018 година имала профит од 67 000 евра, лани стигнала до вртоглав раст на приходите од 110 милиони евра.

Ако се погледне профитот, пак, „РКМ“ во 2018 година имала профит од околу 50 000 евра,а лани добивката и скокнала на 6,2 милиони евра.

Претседателот на ДУИ Ахмети , во интервју за 360 степени, се обиде да се дистанцира од Сулкоски.

„Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо …со како се викаше Ерџан Сулкоски“, велеше Ахмети.

Со преземањето на 65 проценти од фирмата за снабдување со мазут, Сулкоски станува мнозински сопственик на „РКМ“ формирана од Ратко Капушевски. Капушевски во времето на ВМРО ДПМНЕ беше директор на спортската сала Борис Трајковски а важеше за близок и Сашо Мијалков.
Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button