Во ек на конфликт, Јанкуловска се сликаше со Мицкоски

Во екот на конфликт меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски, на страната на актуелниот лидер застанува уште еден поранешен функционер на партијата. Гордана Јанкуловска, која одлежа најголем дел од казната и сега и се овозможени слободни денови, од затвор отиде да се сретне со Мицкоски.
„Средба голема колку Горде. Неправдата никогаш не не скрши“, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пред еден ден расправаше за ситуацијата што ја создаде Груевски и излезе со став.
„ВМРО-ДПМНЕ го осудува планот на власта, на оската ДУИ-ЛСДМ-поранешни опозициски функционери кои решија да им бидат на располагање преку валкани зделки од причини кои само тие ги знаат, а кои директно ќе бидат на штета на македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта демантираше дека имало обид или план за мешање во одлуката на пратениците на ВМРО за уставните измени. Тој ги обвини партиските функционери дека не се трудат доволно, дека дозволуваат невини луѓе да останат во затвор и да се носат штетни одлуки. Одлуката за раскинување со него, вели Груевски, не е мудра.
„Немаше никакво влијание од моја страна пратениците да гласаат за некоја точка, а во текот на минатата година не сум комуницирал со ниту еден од пратениците. Ниту планирав такво нешто. Ниту пак мислам дека треба да го менуваат ставот на партијата по однос на точката околу промената на уставот “Ви поминуваат штетни за државата одлуки секој ден. Дремете. Само овие 2-3 дена додека со мене се занимавате куп штетни одлуки поминаа на различни нивоа на власта. Ве нема никаде освен по панаѓури и пиволент“, пишува Груевски.
Од СДСМ оценуваат дека опозициската партија пропаѓа и дека тие не се виновни за ова, како што тврди Мицкоски.
„Кавгата“ меѓу актуелниот шеф и поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ почна пред неколку дена, откако Мицкоски јавно изјави дека има валкана зделка меѓу власта и Груевски за поделба на пратеничката група на партијата за да се гласа за уставниот промени. За возврат, според Мицкоски, Владата му ветила на Груевски амнестија.
Фатлуме Дервиши