
Во брзата помош почна да се зголемува бројот на повици на пациенти заболени од вируси, настинки, па дури и со новата мутација на вирусот ковид-19. Матичниот лекар, Фикрет Вишник, вели дека во ординацијата каде што работи, најголем број од пациентите се жалат на болки во грлото, треска, проблеми со дишењето, потење. Тој нагласува дека некои пациенти биле позитивни на коронавирусот.
Податоците на Институтот за јавно здравје говорат за зголемување на бројот на заболени од Ковид, во август бројот на позитивни случаи со Ковид е зголемен за 4,6 пати споредено со јули. Додека само во првите 3 недели од септември во Кавадар, Неготино и Скопје се регистрирани 538 нови случаи и три починати.
„Во однос на состојбата во септември, регистрирани се вкупно 538 случаи на ковид 19, потврдени лабораториски најмногу во Скопје – 228 и во Кавадарци -130. 235 лица закрепнаа, а три лица починаа“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.
Во моментов, како превентивна мерка за ширење на ковид 19, се предлага носење маски во здравствените установи, изолацијата на болните со Ковид се случува по препорака на матичните лекари, кои оценуваат дека има потреба да се отвори боледување.
Ајнур Бафќари