ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бислимовски за поскапување на струјата: Никогаш не вели никогаш

Граѓаните ги очекува уште една неизвесна зима. Додека цените на горивата бележат постојан пораст, надлежните неможат да кажат дали ќе има или не зголемување на цената и на струјата. Првиот човек на регулаторната комисија, Марко Бислимоски, вели дека се ќе зависи од цените на светските берзи.

„Од она што го гледаме на светските берзи во изминатиот период, особено на европските се движи од 135 до 150 евра јас не верувам дека ќе има одредени промени во тој дел.Но никогаш не вели никогаш, но очекувам да имаме од аспект на цена една стабилна ситуација на европските берзи“, вели Бислимовски.

Неизвесна е и цената за парното греење во главниот град. Ако не се постави нови топловод на мостот Беласица, граѓаните ќе се соочат со високи цени за парното греење, предупреди првиот регулатор Бислимовски.

„Доколку не се постави тој цевковод, имаме проблем со произведената количина топлинска енергија од ТЕТО, која што ни е три пати пониска отколку цената на топланите. Доколку не се постави овој цевковод тогаш би ни се случило ценовно цунами. И од тие причини додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот нема да донесеме одлука. Доста беше заради препирки нечии тоа да оди на грбот на граѓаните“, вели Бислимовски.

30% од сметката за топлинска енергија е субвенционирана, а каква ќе биде новата цена ќе зависи и од тоа дали повторно ќе има владина помош.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button