ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемен бројот на активни случаи на КОВИД-19 од 1 јануари

Од почетокот на јануари 2022 година до вчера, за 16 дена, бројот на активни случаи на КОВИД-19 се зголемил за над 11.000. Ако на 31 декември 2021 година, бројот на активни случаи беше 5.006, вчера тој изнесуваше 16.132. Процентот на позитивност за време на викендот е околу 22 процент.

Во претходното деноноќие беа регистрирани 1.348 нови случаи на КОВИД-19 од направени 6.141 тестови или 21,9 проценти. Од вкупниот број на позитивни 1.348, регистрирани се 145 реинфекции.

За претходните 24 часа беа пријавени осум починати лица и 784 оздравени пациенти, информираше вчера Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button