ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемен е бројот на сообраќајни несреќи

Високите температури во последните неколку дена го зголеми бројот на телефонски повици на бројот 194, велат од Ургентниот центар. Во последните три дена реализирани се 187 интервенции од кои 63 се ургентни случаи. Како што наведуваат од Ургентен, порастот на бројот на сообраќајни незгоди е загрижувачки.

Advertisements

Последната сообраќајна несреќа се случи вчера. Како што соопшти МВР, тешката сообраќајка се случила на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани каде животот го загубиле жена и малолетно лице, откако возилото со кое патувале излетал од патот.

Од Ургентен порачаа дека освен за хронично болните, лекарите препорачуваат да се води посебна грижа и за малите деца бидејќи директното изложување на сонце може да предизвика алергии или иритација на кожата.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button