
Инфлацијата во Германија се зголеми во јули како што беше првично проценето,ж поради повисоките трошоци за храна и услуги, покажаа податоците на германската федерална статистичка служба Дестатис на 9 август.
Индексот на потрошувачките цени во јули бележи годишен пораст од 2,3 отсто, наспроти растот од 2,2 отсто во јуни. Стапката се совпаѓа со прелиминарната проценка објавена на 30 јули.
Пониски цени на енергијата ја ублажува инфлацијата, изјави претседателката на Федералниот завод за статистика, Рут Бренд. Спротивно на тоа, инфлацијата на цените на услугите останува над просекот, рече Бренд.
На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,3 отсто, во согласност со сегашната проценка, по растот од 0,1 отсто. Цените на енергијата паднаа за 1,7 отсто во јули, по падот од 2,1 отсто во јуни.
Во меѓувреме, храната поскапе за 1,3 отсто. Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата беше непроменета од јунската стапка и остана малку под границата од 3 проценти во Германија.