Зголемена сиромаштијата во Македонија, секој петти граѓанин е сиромашен

Намалената куповна моќ на граѓаните надополнета со енергетската криза ја продлабочи сиромаштијата во Македонија. Невладините бараат конкретни реформи и програми како полесно граѓаните кои се во социјален ризик да ја ублажат сиромаштијата. Наместо социјална помош, да им се обезбедат работни места. Власта најавува помош за најранливите категории граѓани. Деталите гледајте ги во Економски магазин вечерва во 22 часот.
„Има нешто што е подраматично од таа бројка, нели. А, тоа е дека секој петти човек во државата живее во сиромаштија, секој четврти млад и секое трето дете живеат во сиромаштија. И тоа е момент на којшто треба да се посвети внимание, не само од аспект од социјална заштита, туку од аспект на политики коишто ќе го тангираат развојот, здравствената криза, образованието и секако вработувањето“, рече Билјана Дуковска Македонска платформа против сиромаштија.