ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемената полициска контрола врз локалните автобуси во Скопје предизвика метеж на станиците

Mefail Ismaili

„Граѓаните кои треба да патуваат со автобуската линија 9 која се движи од Топанско Поле преку Чаир до Државната болница, денеска чекаа речиси еден час. Како што велат денеска граѓаните, не забележале дека приватните автобуси од оваа линија се во оптек.

Исто така тие велат дека не можат да се качат ниту во малкуте автобуси кои минуваат, бидејќи постојано се полни со патници.

Околу половина час… Никогаш не било вака, но ете, некои едвај се качија, не знам што е работата.

Вчера чекав овде еден час и не пуштаа да се возиме со автобус. Зошто? Бидејќи учениците стоеја на врата, автобусот не беше полн, но учениците не одеа напред. Дали е често вака? Вчера и денес ми се случи. И почесто да има автобус, има многу постари луѓе кои не можат да чекаат, сега треба да бидам на лекар во три и пол и не знам дали ќе стигнам.

Од компанијата „Слободен превоз“, која има најголем број автобуси на  линијата 9, велат дека приватните автобуси од оваа линија денеска не биле во оптек поради вонредни технички контроли извршени од МВР.

Додека од Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје велат дека на оваа линија сообраќаат само три нивни автобуси.

ЈСП- Скопје

Линијата 9 има 14 автобуси, од кои 3 се на ЈСП- Скопје додека останатите 11 возила се приватни превозници. Возилата на ЈСП Скопје редовно ги извршуваат сите закажани термини согласно возниот ред.

Од МВР велат дека вчера имало контроли на автобуси и тие ќе се спроведуваат континуирано. Од полицијата велат дека една година, од ноември лани до сега, санкционирале над 400 возила поради неправилности.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button