ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автопатот во Бугарија имал маани, но тие не биле причина за несреќата

Adna Qaili

Во првото вештачење за трагедијата на автобусот во Бугарија властите во Софија утврдиле дека патот имал пропусти, но причина за смртта на 45-тте патници бил пожарот. Имало и шестмесечно доцнење при поставувањето на сообраќајната сигнализација на злогласниот автопат Струма. Министерката Виолета Комитова рече дека при увидот биле откриени проблеми и во патната инфраструктура, што можеби влијаело на причината за несреќата, но смртта на патниците дошла од пожарот кој избил во автобусот. Бугарското обвинителство ќе изврши дополнително вештачење за причините кои довеле до огнот.

„Судирот не бил со брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, кој мислам дека е главна причина за жртвите. Немаме објаснување како точно бил запален автобусот. Она што нашето Министерство може да го направи како краткорочна мерка е замена на патната сигнализација и намалување на максималната брзина од 120км/ч на 90км/ч според првичниот проект од 2002 година.“

Според Советот за национална безбедност, патниот правец во првичниот проект не се јавува како автопат, туку како реконструкција. Шефот на овој Совет, Иван Шишков, рече дека поради некоја причина во текот на 2013 година на овој пат максимално дозволената брзина била подигната до 120 км/ч. Предложено е да се постават светлосни сигнали на секоја точка за одмор на автопатот Софија-Дупница, при што оградите ќе бидат обновени според најновите стандарди.

„Страничните банкини на автопатот кои ги удри автобусот се стари според стандардот од 2002 година и не ги задоволуваат сегашните безбедносни стандарди во патниот сообраќај. Она што нè загрижува е што во самиот проект острите кривини на патот се нешто над 4%, што значи дека брзината треба да биде 90км/час. При голема брзина возилата скршнуваат налево, а во случајот на несреќата автобусот тргнал кон десно.“

Овој извештај е доставен до Јавното обвинителство каде се чека дополнително техничко вештачење на автобусот. Според доказите дадени на обвинителството, автобусот од судирот во оградата со десниот преден агол дошло до пожар при што за 10 минути изгорел целиот автобус. Обвинителството, покрај човечкиот фактор, ги истражува и гласините за сомнителни запалливи материи во автобусот кои можеби несреќата ја претворија во трагедија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button