ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемување на цените на полисите за осигурување

Зголемување на цените на полисите за осигурување

Поради инфлацијата и зголемените трошоци за отплата на штети, Националното биро за осигурување бара зголемување на цената на полисите за осигурување. Директорот на Бирото Трајче Латиновски, вели дека влијанието на инфлацијата ги загрижило осигурителните компании, бидејќи долгорочно ќе имаат проблеми со санирање на штетите на граѓаните, зашто немаат доволно бонуси.

Advertisements

Трајчевски рече дека нерегистрираните автомобили претставуваат уште еден проблем. Тој бара да се најде систематско решение.
Граѓаните велат дека полисата за осигурување е веќе скапа. Тие би прифатиле некое минимално зголемување доколку во оваа цена е вклучен и зелениот картон.

„Не е добро да се зголемуваат цените, тие се и така високи. Ситуацијата е алармантна, веќе е прескапо, со плата од 200 евра, регистрацијата е 300 евра, нема логика“.

„ Дури и она што веќе го плаќаме е премногу, секаде со осигурувањето доаѓа и зелениот картон, кај за нас зелениот картон значи плаќање на плус осигурување. “

„Ако го вметнат и зелениот картон, тогаш ќе има некоја логика, мислам дека со овој стандард ќе биде голем удар за семејниот буџет, бидејќи порано имаше семејства кои имаа по една кола, сега имаме семејства со две-три коли, не знам. “

Во Македонија околу 13 отсто од автомобилите кои се вклучени во сообраќајот не се регистрирани, додека во земјите од регионот бројот на овие возила достигнува до 3 отсто.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button