СПОРТ
Жанг ја одбрани титулата, и на крајот го предизвика Тајсон Фјури

Кинескиот боксер Џилеи Жанг го одбрани привремениот појас во ВБО во тешка категорија, откако во спектакуларна борба во Лондон го нокаутира Џо Џојс.
Жанг во третата рунда по неколку силни удари со десно кроше го нокаутира британецот, кој се обиде да стане, но судијата ја прекина борбата. По борбата кинезот го предизвика Тајсон Фјури со кој сака да се пресмета во рингот и да го освои ВБЦ појасот кој му припаѓа на британскиот борец.
Фјури, сепак, на крајот на годината има борба со поранешниот шампион во УФЦ, Френсис Енгану.