ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Желјасков: Исполнување на договорот од 2017 година

Исполнувањето на договорот од 2017 година е важен дел за изградување на довербата помеѓу двете држави, рече претседателот на народното собрание на Бугарија, Росен Желјасков, на заедничката прес конференција со претседателот на македонското собрание, Талат Џафери.
„Зборувавме и за исполнување на договорот од 2017 година. Забележавме дека довербата што треба да ја градиме треба да се спротивстави на јазикот на омраза, а гаранција за тоа е запазување на правата на бугарската заедница, а промената на Уставот е дел од тој пат“, рече Желјасков.