СПОРТФУДБАЛ

Уште две откажувања, Џуд Белингам не доаѓа во Скопје!

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт се соочува со уште две откажувања пред двата ноемвриски натпревари во квалификациите за Европското првенство. „Гордиот Албион“ веќе си обезбеди билет за главниот турнир, па натпреварите со Малта и Македонија ќе бидат само за престиж.

Како што веќе се шпекулираше, поради повреда отпадна првата ѕвезда, новиот „крал“ Џуд Белингем. Младиот ас на Реал Мадрид блеска оваа сезона, ама има повреда на рамото која ја доби во дуелот со Валенсија викендов. Тој веќе се мачеше со рамото и во претходниот период, па во договор меѓу Реал и англискиот табор е одлучено тој да остане во Мадрид.

Покрај Белингем, од комбинација за настап отпадна и Леви Колвил. Фудбалерот кој летово се пресели во Челзи викендов не беше дел од тимот во ефикасното реми против Манчестер Сити (4-4), па поради претпазливост нема да одговори на повикот на селекторот.

Досега на Саутгејт му откажаа Џејмс Медисон, Луис Данк и Калум Вилсон, а тој дополнително ги повика младите таленти Кол Палмер, Рико Луис и Езри Конса кои ќе чекаат шанса за деби. Англија ѝ гостува на Македонија на 20 ноември во терминот од 20:45 часот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button