РАКОМЕТСПОРТ

Алкалоид по изненадување против фаворизираната екипа од Данска

Македонскиот вицерпвак Алкалоид во рамките на третото коло на Европската лига на ЕХФ ќе го дочека Бјерингбро-Силкеборг. Со пораз и реми во воведните две рунди, четата на Кирил Лазаров важи за аутсајдер против данскиот претставник.

Младите момчиња на тимот од Скопје собираат искуство, од натпревар во натпревар треба да се сè подобри, а тоа го кажа и Лазаров на вчерашната прес-конференција. Алкалоид прво дома загуби од Војводина, парираше против Србите и можеше до позитивен резултат, но пресудија грешките и искуството на ривалот. Потоа следеше гостувањето кај Ла Риоха, а таму дојде и првиот историски европски бод за Алкалоид.

Што се однесува до Силкеборг, се работи за данска екипа која игра скандинавски стил. Цврстата одбрана и брзата контра ќе бидат голем предизвик за Алкалоид, кој мора да биде перфектен, грешките да ги сведе на минимум и да не дозволи многу шанси за транзиција. Во Европската лига, Данците тргнаа со убедлива победа над Ла Риоха (34-25), за потоа по малку неочекувано да загубат од Војводина во Нови Сад (29-28).

Натпреварот се игра во првиот термин, попладнево од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button