ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апелација го укина обвинението за Мијалков во „Титаник 2“

Сашо Мијалков нема да одговара за кривично дело примање награда за противзаконито влијание во предметот „Титаник 2“ на поранешното СЈО.

Со одлука на Апелациониот суд, укинато е обвинението против него, а во образложението на одлуката се наведува дека тоа е направено заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните, па кривичното дело за кое тој одговараше, сега е веќе застарено.

За останатите обвинети, Апелациониот суд ја преиначи пресудата, и затворските казни им ги замени со условни.

Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајковски беа осудени на затвор од по 2 години.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button