Жежок бран и во Грција, ноќните температури до 33 степени!

Со температури што во одредени делови на земјата достигнуваат и над 40 степени Целзиусови, денеска кулминира првиот топлотен бран во Грција за ова лето, пренесува Екатимерини.
За работа на отворено задолжителен е прекин со работата во периодот меѓу 12 и 17 часот, а се однесува на работниците на технички и градежни проекти, на градилишта, бродоградилишта, како и на доставувачите со мотори или велосипеди.
Високи температури се регистрирани не само во текот на денот, туку и во текот на ноќта, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот АНА-МПА.
Поконкретно, во повеќе делови на земјата температурите биле повисоки 30 степени, додека во центарот на Атина и во речиси целиот поширок регион Атина, ноќната температура била над 33 степени Целзиусови.