Жителите на Полог ќе се греат на дрво

Поради енергетската криза поголем дел од жителите одлучија да се вратат на греењето на дрва. Но, цената на дрва за греење е речиси двојно зголемена. Жителите се скептични дека ќе можат да обезбедат дрва бидејќи цената за еден метар надмина 85 евра.
„Годинава нема да се грееме со ништо, дрвата се скапи исто така и струјата. Ќе останеме под ќебе. Министерот нека ни ја даде платата оти сме невработени без социјална помош и ќе се снајдеме некако. Имам 70 години, што да правам, нека ни плати министерот, па ќе се стоплиме како што вели“.
„Оваа година со ќебиња. Ќе набавиме уште ќебиња и ќе се загрееме. Ова не е нормално, невообичаено е со плата од 18 денари, ни за дрва ни за струја, не стигнуваат“.
„Јас сум за дрво, подобро, но 90 евра е метар дрво. Дали некогаш сме прашани ние пензионерите колку ни е пензијата?“, реагираат жителите.
И покрај ставот на жителите, министерот за екологија го вели спротивното. Поради загадениот воздух препорачува греење на струја.
„…сите треба да бидеме свесни дека самите правиме какво било загадување, затоа треба да внимаваме на нашите семејства. Затоа велам дека е поефтино да се грееме на струја и да се грижиме за околината. Имаме предвид дека пелетите се премногу покачени, но се грижиме преку маржите, да не станат превисоки цените. Не се најавуваат никакви ограничувања, затоа идејата е сите да внимаваме да не загадуваме, но и да заштедиме електрична енергија“, рече Насер Нуредини, Министер за животна средина.
За разлика од главниот град каде греењето е главно централно, во Полог но и во другите градови од западна Македонија, греењето во текот на зимата главно е преку дрва и пелети, што влијание врз аерозагадувањето.
Башким Сулејмани