ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Тетово кои претрпеа штети од неодамнешните дождови, сѐ уште не се обештетени

Ниту од Владата, ниту од локалната самоуправа се уште не се преземени конкретни чекори околу обештетувањето на тетовци кои претрпеа штети од обилните дождови од пред двесетина дена. Општината по првиот состанок на кризниот штаб побара од Владата помош за обесштетување како и обезбедување средства за чистење и дезинфекција на патиштата.

Advertisements

„Добивме само одговор од Владата дека кабинетот на премиерот го доставил нашето барање до Генералниот секретаријат на Владата и ништо друго. Општината формираше комисија која излезе на терен и изврши проценка на штетите нанесени на граѓаните, нивните домови, работилници, дуќани и земјоделски култури. Проценката е завршена, сега се прави финансиската анализа за начинот како ќе се прави обесштетувањето“, рече Бесар Дурмиши, Општина Тетово.

Од општина Тетово велат дека ако Владата не помогне во исплатата, обешетвањето ќе биде од општината. Од Општинското јавно претпријатие се дезинфицирани само мал дел од коловозите а останатите останаа неисчистени. Жителите се жалат дека ниту општината ниту Владата не одговараат пред граѓаните.

„Мора да се измијат, задолжително, ако имаме организирана општина, а ако не е така, не очекуваме ништо повеќе. Проблемот е кај организаторите на општината, но и малку кај совеста на граѓаните“, реагираат жителите.

Досега во општина Тетово само од неодамнешните поплави се пријавени над 100 граѓани кои претрпеле штети.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button