ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зибери: „Огнена група“ не може да ја запали ДУИ!

Зибери: „Огнена група“ не може да ја запали ДУИ!

Народниот бранител Насер Зибери во вечерашното гостување на Програмата 200 оценува дека гласовите на „огнената група“ не и штетат на ДУИ и дека до некаде критиките на оваа група  се валидни, бидејќи според Зибери не може да се оценуваат сите функционери. со позитивни оценки.

“Не верувам дека може да има тектонски случувања од оваа природа или кажано метафорски како што кажавте вие, да „подметнат пожар“, но едно нешто мислам дека вреди да се дискутира, дури да ја држи во тензија активноста на владејачката партија за да не падне во летаргија бидејќи власта често знае да акомодира, затоа ваквите гласини одвреме-навреме даваат искри дека работите или не чинат или треба да бидат подобри од што се. Затоа, критиката внатре политичките субјекти е позитивна и не мислам дека и штети на политичкото здравје на оваа партија.

Бидејќи вие ја следите работата на институциите. Дали мислите дека држат нивните критики за слаби резултати на министрите на ДУИ во Влада?

Се разбира дека способноста на секој член на кабинетот не е иста, не може да оцени со позитивни тонови и исти оценки, има простор за дискутирање, има простор за критики и забелешки.

Критиките особено се за првиот вицепремиер.

За вицепремиерот, но и за други членови на кабинетот, може да биде поистакната критиката кон него и поради поголемата одговорност која ја има, но повторувам способноста на сите членови на кабинетот, вклучувајќи ги и замениците не е иста, се разбира во одредени позиции има простор за подобрување.

Каде на пример?

Не само за членовите на Владата, членовите на кабинетот туку и за други носители на функции во органи на администрацијата, управи, јавни претпријатија, итн.

Дали можете да спомнете институции кои покажале послаби резултати, според вас?

Поради функцијата што ја имам, можеби не е убаво да влезам во таква анализа, но сигурно дека имам мое мислење за способноста на членови на Владата и не само нив, повторувам, има простор за многу подобри резултати“, изјави Зибери./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button