СПОРТФУДБАЛ

Зидан одлучи да води европски клуб, на потег се Јувентус и Реал

Зинедин Зидан решил да му с врати на фудбалот по пауза од две и пол години. Француската легенда е на одмор од моментот кога се раздели со Реал Мадрид.

Во секој преоден рок медиумите го поврзуваа со други клубови, но тој веднаш ги демантираше тие шпекулации. Беше блиску до преземање на француската репрезентација, но работата му пропадна откако Дидие Дешам реши да го продолжи договорот.

Според некои медиуми во Франција, Зизу решил да го преземе Јувентус и покрај тоа што се уште се надева дека ќе се врати во Реал по заминувањето на Карло Анчелоти.

„Зад кулисите, Зинедин Зидан го подготвува своето враќање на големата сцена. Покрај Реал Мадрид, француската легенда му „фрли око“ на Јувентус, првиот странски тим за кој настапувал како фудбалер“, пишува „Ле10Спорт“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button