ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Злоупотреби во албанскиот ансамбл

Од Министерството за култура се уште не коментираат како ќе постапат по тоа што го констатираа Секторот за правен и инспекциски надзор во Министерството за култура, за злоупотреба на средства од страна на директорот на Ансамблот за народни песни и игри на Албанците Шкодран Толај. Не одговорија ниту на тоа дали Толај ги исполнил  условите да биде директор на Ансамблот.

Во меѓувреме, на прашањето на Алсат како ги коментира информациите за злоупотреби од директорот на Ансамблот, Шкодран Толај, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека без разлика кој му пее, во случај на злоупотреби, треба да има одговорност.

“За мене пеат многу, имам многу пријатели, имам многу пријатели, но законот мора да важи за сите, и за пријателите и за противниците. Ако има аргументи дека некој ја злоупотребува довербата, ја злоупотребува функцијата, тоа значи дека законот треба да дејствува за сите, без разлика кој е. Вашата задача е да ги следите сите неправилности и јас апелирав како и секогаш да бидеме во трајно партнерство во борба против злото, бидејќи само така можеме да го носиме општеството напред и да ги зајакнеме работите во земјата“, изјави Али Ахмети, претседател на Дуи

Алсат пред неколку дена објави неколку детали од Извештајот од инспекцискиот надзор во Министерството за култура, каде пишува дека директорот на Ансамблот за народни песни и игри на Албанците, Шкодран Толај, направил злоупотреба на пари и трошоци надвор од законската рамка, за билети и хонорари за патување во странство, плаќање камата и извршители поради ненавремено плаќање на обврски, гориво за личното возило и други неправилности. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button