
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од утре малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 денари и ќе се продава по цена од 97,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,50
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2022 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 94,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат.