ВЕСТИЗАБАВА

Знаци кои покажуваат дека сте го пронашле вистинскиот џентлмен !

Џентлмените порано се дефинираа според нивното аристократско потекло, но денес тие се сметаат за вид кој изумира. И за жал се поретко наидуваме на мажи со манири.

Мислите дека можеби сте го пронашле вистинскиот џентлмен? Вашиот партнер можеби и не е роден како џентлмен, но ако ги покажува овие знаци, тогаш тој е на вистинскиот пат.

1. Човек со добро срце
И џентлменот се соочува со неуспех, но и покрај тоа тој секогаш има добри намери. Да се направи вистинскиот избор е неговиот начин на живот. Тој е љубезен со непознати дури и како таков поттикнува љубезност кај другите.

2. Тој е харизматичен и многу лесно привлекува луѓе околу себе
На луѓето им е лесно да разговараат со него и се чувствуваат пријатно кога се наоѓаат во негова близина. Тој има моќ да ги натера луѓето да се чувствуваат удобно дури и во најнепријатните ситуации. Без разлика дали треба да го запознаете со вашите родители, на кои веднаш ќе им се допадне или не знаете да играте валцер, тој ќе направи да се почувствувате како вистинска принцеза.
Вистинскиот џентлмен сака луѓето околу него да бидат среќни и насмеани. Нему не му се потребни часови по етика, бидејќи тој самиот е пример за другите.

3. Ги почитува вашите потреби
Не му е проблем да ја отвори вратата за вас, но ако вие сакате да го сторите тоа самите тој секако ќе ве поддржи во тоа. Ја разбира вашата самостојност и тоа не му претставува никаков проблем.

4. Тој е исполнет
Џентлменот секогаш има време за работите за кои е страствен. Покрај неговата работа тој има и хоби, може да биде кулинарски гениј или љубител на вино, но она што фасцинира е тоа што тој сака да ја сподели својата страст со другите. Никогаш не се прави дека знае се. За него не постојат рамки. Сака да патува, сака да учи, сака да разговара и да дебатира и секогаш е отворен кон пробување на нови нешта.

5. Тој е горд на неговиот изглед
Тој внимава на неговиот целосен изглед. Посветува внимание во изборот на облека, внимава на својата коса, секогаш е среден и има свој уникатен стил по кој е препознатлив.

6. Тој се познава самиот себеси
Тој е одлучен. Секогаш е во контрола со своите емоции. Знае што точно му се допаѓа, ја препознава и цени вредноста на нештата. Го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува. Не е арогантен, а неговите верувања и морален карактер се неспорни.

7. Приоритет сте му вие
Покрај него вие никогаш нема да почувствувате дека тој едноставно нема време за вас. Тој ве гледа во очи додека разгварате и престанува со работа секогаш додека разговарате бидејќи вистинскиот џентлмен сака да ве слуша додека зборувате.
Неговиот интерес фасцинира.

8. Тој е искрен
Тој нема што да сокрие од вас, автентичен е и реален. Единствено нешто што тој може да прикрие е изненадувањето кое го има подготвено за вас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button