ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зоран Ставревски доби нова функција во ВМРО-ДПМНЕ

Ile Petrevski

Поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски пред нова партиска функција. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски формира ново партиско тело кое ќе има за обврска да ја следи реализацијата на повеќе од близу 15 илјади проекти низ општините. Зоран Ставревски и поранешниот амбасадор во Кина од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Шамбевски ќе имаат задача да ги набљудуваат активностите на ветените проекти од страна на градоначалниците на нивната партија. На чело на ова ново тело ќе биде Мицкоски.

„Имајќи предвид дека имаат искуство во извршната власт во минатото, имајќи предвид дека имаа стручност нивната улога ќе биде професионална, а не политичка, ќе бидат тука да помагаат на новите градоначалници доколку таа помош е потреба. ..“

Според информациите, Ставревски нема да се амбицира да биде дел од повисоката политика, туку само сакал да помогне во менаџирањето на финансискиот дел на локалните проекти. Станува збор за изградба или реконструкција на околу 100 градинки, 150 училишта, изградба на нови 150 паркови, 90 спортски сали, како и инвестиции во културата, гасификацијата и останати проекти. Против Ставревски во октомври 2018-ттаа, подоцна згаснатото СЈО отвори предистрага под име „Подарок“ за изградбата на националниот гасовод со руска фирма. Кривична пријава никогаш не беше поднесена. Ставревски беше еден од поранешните министри во владата на Груевски кои беа најмногу инволвирани во прислушуваните разговори кои ги објавуваше СДСМ. Најпозната реплика беше онаа кога Ставревски ѝ вели на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска: „Ние сме лудаци, трошиме на чоколада, а немаме за леб.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button