Bytyqi: Tregtarët bëjnë shtypje për çmime më të larta

Bytyqi: Tregtarët bëjnë shtypje për çmime më të larta

Нема да се толерира ниту еден обид за спроведување одлуки кои се на штета на граѓаните, го повтори владиниот став во однос на поскапувањата сегашни и во најава, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Зад зголемувањето на цените на млечните производи не стојат производителите, туку тоа го прават под притисок на трговците, рече Битиќи, додавајќи дека нема економска логика, но кај нас не владеат добрите трговски практики. Одговарајќи на новинарско прашање за ценовните бранови, посочи дека одредени трговски ланци се однесуваат нефер и неетички, но не сакаше да ги именува.

„Во овој момент не би сакал да кажувам имиња, штом ги добиеме, ќе бидат кажани. Јас не можам да останам нем на нефер практики во трговијата, а особено на практики кои одат на штета на моите сограѓани и на мене. Се додека сум на оваа позиција нема да останам нем“, дециден е Битиќи.

За поскапувањето на лебот потсети дека преработувачите веќе рекоа дека нема услови за зголемување на цените на основните прехранбени производи, затоа што сите параметри укажуваат на тоа дека има пад на суровините на прехранбените производи.

Сепак, потврди дека за заштита на граѓаните, доколку ситуацијата го налага тоа, ќе има „дали замрзнување на цените или други мерки, но се што е законски можно, ќе биде направено“.

LEXO EDHE:

Back to top button