Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека до петок ќе се подготви есенска потрошувачка кошничка со 100 различни прехранбени производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или маржите од 5, 10 или 15 проценти. Како што рече Дурмиши, работната група ќе донесе одлука за оваа мерка, која следната недела ќе биде доставена до Владата за одобрување и почеток на процедурата за почитување на мерките.
„Во зависност од тоа како работната група ќе ја спроведе работата, ќе не информираат која одлука ќе ја донесеме. Потоа таа одлука ќе ја доставиме до Владата каде ќе треба да донесеме одлука и да почнеме да ја спроведуваме таа мерка. Таа мерка ќе се вика потрошувачка кошничка за есен, што ќе биде во интерес на граѓаните. Оваа мерка ќе продолжи со вакви активности за во иднина да имаме потрошувачки кошнички за зимската сезона, потрошувачки кошнички за Рамазан, за Велигден“, вели Дурмиши.
Дурмиши најави дека до крајот на месецот ќе стапи во сила Законот за нелојална трговија и додаде дека компаниите имаат рок од шест месеци да ги прилагодат цените. Министерот за економија Бесар Дурмиши по посетата на неколку книжарници во земјава истакна дека се почитува мерката за училишен прибор „Помалку трошоци, повеќе за вас“ за намалување на цените и трошоците за семејствата со ученици.
Мелихате Рустеми