ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Камп-приколките на Треска ќе мора да се отстранат, сопствениците гневни!

Сопствениците на камп приколките крај езерото Треска протестираат против одлуката на општина Сарај да мора да ги отстранат за два месеци. Тие велат дека одлуката е еднострана и била донесена без претходни консултации со нив.

Дали ние како граѓани, како луѓе, имаме право на нешто или воопшто немаме? Јас сметам дека треба да се направи длабинска анализа што да се прави со овој простор, но не на овој начин.

Овој имот што е тука им припаѓа на граѓаните на Скопје, тој е наш. Ова ќе го браниме затоа што ова место ни помага за нашето здравје, повеќето сме пензионери. Бидејќи населението инвестирало во ова место, ние нема да го дадеме.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за Алсат изјави дека е категоричен во одлуката за отстранување на приколките. Тој додаде дека чистењето на овој дел е дел од планот за прогласување на Треска за бесплатна туристичка област. Според здружението на кампери, во моментов таму има над 500 приколки, од кои над 350 постојано се користат.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button