ЕКОНОМИЈА

290 санкции за брзо возење

290 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текто на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 290 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли, од МВР велат дека продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button