МАКЕДОНИЈА

Скопјанец баран со потерница приведен на Блаце

На Граничниот премин „Долно Блаце“, при влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода М.А.(38) од Скопје, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативна евиденција е со мерка „апси“, по судска наредба од 10.01.2020. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. Настанот се случил во текот на вчерашниот ден, околу пладне.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button