ЗДРАВСТВО
Ковачевски за анестезиологот од Тетово: Ја поддржувам одлуката за негово санкционирање

Станува збор за неетичко и непрофесионално однесување на лекар и ја поддржувам одлуката на министерот за здравство за санкционирање на овој вработен. Вакво нешто не треба да се случува во која било област, а особено не во здравството, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за анестезиологот кој на социјалната мрежа „Тик ток“ снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал.
Во однос на тоа дали ќе се воведе мерка за забрана за користење на оваа социјална мрежа, Ковачевски рече дека доколку претседател на Влада воведе забрана за користење на одредена социјална мрежа која се користи како медиум, тоа може да биде протолкувано на многу различни начини.