ЗДРАВСТВО

Прифатени дел од барањата на здруженијата на лица со посебни потреби

Лицата со посебни потреби ќе бидат целосно ослободени од партиципација за здравствени услуги. Ќе добијат зголемување на надоместоците за 78 отсто, додека помош од лични асистенти ќе добиваат по 160 часа месечно, а не 80 како што беше досега. Веќе во процедура се предложените законски измени иницирани од група пратеници. Иницијативата дојде по барањата на невладината организација „Менуваме“.

Advertisements

Пратеникот Арбен Зибери не гледа пречки за усвојување на измените бидејќи иницијативата е направена во координација со голем број институции.

„Верувам дека ќе добиеме поддршка од сите пратенички групи и оти ќе се донесе ваков закон. Верувам дека наскоро законот ќе стапи во сила и ќе биде изгласан од сите пратеници во Собранието на СМакедонија. Законот е подготвен во координација со Фондот за здравство и Министерството за труд и социјала. Верувам дека наскоро ќе помине на пленарна седница“, рече Зибери.

Лицата со посебни потреби имаат многу барања во однос на нивните права. Коалицијата „Менуваме“ најавува протести против донесувањето на стратегија иницирана од Владата, за која здруженијата велат дека воопшто не биле консултирани и не ги застапува правата на оваа категорија граѓани, туку интересите на други субјекти.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button