СПОРТФОРМУЛА - 1

Верстапен, најбрзо време на првиот и вториот тренинг во Јапонија

Актуелниот светски првак и водечки во генералниот пласман Макс Верстапен (Ред Бул) денеска на патеката Сузука забележа најбрзо време на првиот и вториот тренинг за Големата награда на Јапонија.

Advertisements

На вториот тренинг холандскиот возач ги остави зад себе Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен), на второто и третото место. Клупскиот колега на Шарл, шпанецот Карлос Саинц беше четврти, а Џорџ Расел (Мерцедес) имаше петто најбрзо време.

Верстапен беше најбрз и на првиот тренинг, пред Саинц и Норис. Третиот и последен тренинг е на програмата утре од 5:30 часот, а квалификациите за неделната трка ќе почнат во 8 часот по средноевропско време./МIA/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button