ЗДРАВСТВО

Заменик-директорот на „МАЛМЕД“ одговара на прашања на собраниската Анкетна комисија за скандалот на Онкологија

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, заменик – директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Бекироски, денеска одговара на прашања на членовите на Комисијата.

Advertisements

Бекироски кажа дека од јануари 2019 до денеска е актуелен заменик – директор на Агенцијата за лекови и медицински средства, а од август 2017 до октомври 2018, бил директор на оваа агенција.

– Уште од моето доаѓање во Агенцијата за лекови и медицински средства, јас лично иницирав да се формира електронски систем, каде што може електронски да се вршат регистрациите на одобренијата на сите лекови и медицински средства. Сите лекови што ги има на пазарот во нашата држава, вклучувајќи ги и биолошките лекови, се 3.920 регистрирани на пазарот во нашата држава. Ние немаме можност да направиме селекција согласно нашиот систем, бидејќи во моментот, истиот е уште во имплементација и така натаму, да ги делиме биолошките лекови. Во делот на прашањето за веледрогериите, има многу, тоа се некаде околу 487 што редовно, секојдневно поднесуваат увоз врз основа на решението добиено за регистрација од Агенцијата за лекови. Зборувам за регистрираните лекови. Имаме можност да дадеме и увоз на нерегистрирани лекови, согласно Законот за лекови. Ние секојдневно имаме барање за увоз и на регистрирани и на нерегистрирани лекови, појасни Бекироски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button