ЗДРАВСТВО

Санитарниот и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден увид во прилепската болница

По смртта на десетдневното бебе од Прилеп од сепса, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонредна инспекција во болницата.

Advertisements

Мајката на бебето преку социјалните мрежи, обвинува дека никој од лекарите немал одговор како бебе родено потполно здраво добило сепса.

„Стигнавме на Клиниката за детски болести и бебето веднаш беше примено на интензивна нега. Отидов дома со празни раце. Дента кога бев примена во болница ми рекоа дека е инфекција, а по два дена анализи рекоа дека детето има тешка сепса и дека е донесено од прилепската болница. Моето дете се лекуваше на скопската клиника една недела, но за жал не успеа да ја надмине болеста која ја доби поради невнимание на медицинските сестри и лекарите“, пишува мајката.

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека Санитарниот и здравствен инспекторат ќе извршат вонреден инспекциски надзор .

„Санитарниот инспекторат денеска иницираше контрола во Прилеп и исто така комисија од стручни лица ќе оди таму, нема да зборуваме ништо напамет, кога ќе дојдат извештаите од инспекторите и вештаците, ќе дистрибуираме информација до медиумите“, рече Меџити.

Од прилепската болница соопштија дека бебето тешко дишело, лекарите му направиле крвна слика и му била дадена двојна антибиотска терапија, но по консултација со лекарот од Клиниката за детски болести било пренесено во Скопје. Во меѓувреме, од Детската клиника во Скопје соопштија дека бебето е донесено од прилепската болница во исклучително тешка здравствена состојба.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button