ЗДРАВСТВО

Апаратите и лентите за мерење на шеќер не стигнаа до сите пациенти

Граѓаните кои страдаат од шеќерна болест оваа година ја опишаа како најтешка досега за нив. Иако конечно беше решено прашањето за опремата со апарати и ленти за мерење на гликемија, пациентите кои живеат во помалите региони повторно се соочуваат со недостиг поради пропусти во дистрибуцијата.

Advertisements

Ова министерот за здравство го дозна на прес-конференција.

„Искрено немаме таква информација, но добро е што ја спомнавте, веднаш ќе провериме дали е тоа вистина и ќе преземеме мерки да не се повтори“, рече министерот Меџити.

На светскиот ден на заболените од дијабетес, од нивното здружение велат дека се прават напори да се спречат проблемите кои се појавија годинава, а поради кои не можеа редовно да си го мерат нивото на шеќер во крвта. Од здружението алармираа дека веќе почнале да се појавуваат компликации како мозочни и срцеви удари и затоа се борат лентите и мерачите што побрзо да стигнат до секој пациент. Во С Македонија дијабет имаат околу 140 илјади граѓани.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button