ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар во фабрика за бои и лакови во тетовско Фалише, препорака населението да не престојува на отворено

Пожар во фабрика за бои и лакови во тетовското село Фалише избувнал утринава околу 10:30 часот. Од пожарот излегува црн чад и се шири силен мирис и затоа има препорака населението што живее блиску до пожарот да не престојува на отворено и да не ги отвора прозорците од домовите, пренесува 360 Степени.

Advertisements

Во гаснењето на пожарот, покрај тетовските пожарникари, се приклучиле и нивните колеги од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека, поради алармантноста на ситуацијата, побарана била помош од гостиварските приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија.

„Побарана е помош за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот“, велат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека било координирано пожарот да се гасне и со хеликоптер од МВР, но поради густата магла во градот немало можност за интервенирање од воздух.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button