ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Анѓушев ги отфрла сите наоди од документот на Стејт департментот на САД

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ја оцени како неправедна одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави на црната листа и најави дека ќе се жали. Ден откако неговото име беше објавено како лице кое ја злоупотребило службената положба додека бил вицепремиер, тој тврди дека во текот на работата не го прекршил законот и оти тоа го докажува фактот што против него нема судски спор.

Advertisements

„Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата. Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење…“, вели Анѓушев.

Во образложението на Стејт депертментот се нагласува дека одлуката за Анѓушев „ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на грѓаните“. Американската амбасадорка во Скопје, Ангела Прајс Агелер, рече дека американската црна листа ќе се прошири и со други лица инволвирани во корупција, но додаде дека санкциите од САД не можат да ја решат корупциската епидемија.

Тоа е во рацете на функционерите и граѓаните. Инаку, Анѓушев има регистрирано фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и САД. Во 2021 година неговата компанија „Брако“ извезе машини за чистење во САД кои беа користени за потребите на Белата куќа. На црната листа се додадени и сопругата Елизбета и двете деца Ангел и Огнен Анѓушеви.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button