ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Променливо облачно со слаб ветер

По магловитото утро, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот се очекува облачноста да се зголеми, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во претпладневните часови се очекува да дува и слаб ветер од северен правец, а попладне тој ќе биде слаб до умерен и од јужен правец.
Утринската температура ќе биде од минус 5 до нула Целзиусови степени, а дневната од 6 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе биде значително облачно. Наутро температурата ќе биде минус два степени, а во текот на денот ќе се искачи до осум Целзиусови степени.