ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Повредениот медицински техничар во „8 Септември“ е во добра состојба

Повредениот медицински техничар во „8 Септември“ е во добра состојба

Додека медицинскиот техничар му давал терапија, 77-годишен пациент го нападнал со нож од зад грб и го повредил. Состојбата на здравствениот работник е добра, информираше денеска директорот на болницата Христијан Костов. Тој објасни дека на пациентот, кој имал проблеми со срцето, му било дијагностицирано ментално растројство кое се појавува акутно и е непредвидливо.

Advertisements

„Психијатарот кој го прегледал пациентот изјави дека се работи за психичко нарушување поради некоја физичка болест. Пациентот со тврд метален предмет го нападнал дежурниот медицински техничар при што му нанел мала рана на кожата. Станува збор за повреда која не е сериозна, но стресот кој го доживеал техничарот е многу голем. Пациентот досега немал психијатриска дијагноза. Психијатарот кој го прегледал претходниот ден рекол дека бил многу вознемирен и збунет и буквално не се сеќава на моментот на нападот. Значи, тоа е моментално ментално растројство“, изјави Христијан Костов, Директор на болницата 8 Септември.

Во врска со инцидентот денеска реагираше Самостојниот синдикат на здравствените работници.

„Им порачуваме на насилните и нервозни граѓани на кои им е потребна здравствена заштита да ги остават пиштолите и ножевите во домовите и автомобилите, а невооружени да одат во здравствените установи“, велат од Самостоен синдикат на здравствени работници.

Синдикатот бара зголемена безбедност за здравствените работници. Во меѓувреме, директорот на болницата вели дека се размислува за проверка на торбите на хоспитализираните пациенти за да се избегнат вакви случаи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button