ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Почна последната недела на Димитар Ковачевски како премиер

Почна последната недела на Димитар Ковачевски како премиер

По завршувањето на празниците политичарите ќе им се вратат на партиските активности бидејќи токму во јануари се роковите за формирање на Техничката влада, 100 дена пред датумот на мајските избори.

Во текот на оваа недела ВМРО-ДПМНЕ ќе ги собере партиските тела за да одлучат за учеството во владата и з акадровските решенија во министерските места.

Но, Мицкоски сè уште нема добиено покана од премиерот Ковачевски за средба на која би се консултирале за техничката влада.
Според Законот за Влада, опозицијата, во моментов, ВМРО-ДПМНЕ, ги добива министерските позиции за внатрешни работи и труд и социјална политика. Партијата на Мицкоски треба да има и дополнителни заменици-министри за финансии, администрација и земјоделство.

Од СДСМ, пак, пред неколку дена одлучија Митко Бојмачалиев, актуелен шеф на кабинетот на министерот Оливер Спасовски, да биде заменик-министер за внатрешни работи. Дополнителен заменик-министер во Министерството за труд ќе биде актуелната министерка Јована Тренчевска.

Премиерот Ковачевски и првиот човек на Собранието Талат Џафери треба да поднесат оставки до средината на јануари. Тие најавија дека за да се запазат роковите, оставките треба да се случат околу 14-15 јануари. На чело на техничката влада ќе биде Џафери, а на местото спикер во Собранието Јован Митревски од СДСМ.

Техничката влада треба да биде избрана до 28 јануари. Парламентарните избори кои се договорени за 8 мај ќе бидат распишани околу 14-15 февруари.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button