ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Празниците и распустот го испразнија Скопје

Празниците и распустот го испразнија Скопје

Градот Скопје денеска изгледаше празен. Дел од оние малку граѓани кои се движеа на плоштадот беа странски туристи.

„Денеска е државен празник и се чини дека тоа влијаеше да се испразни центарот на градот Скопје. Малку се граѓаните кои денеска излегоа да се раздвижат, додека меѓу малкуте граѓани кои ги сретнавме имаше и странски туристи кои дошле во посета на Скопје. Продолжениот викенд се одрази и на прочистување на воздухот во град Скопје“, известува Авни Тахири, новинар.

„Дојдовме на прошетка. Дали сте првпат во Македонија? Да, првпат и навистина ни се допаѓа.“

„Бидејќи денеска е празник нема никој надвор. Бевме на Матка и во Охрид и многу ни се допадна.“

Денеска беа затворени и кафетериите и рестораните, додека неколкуте продавници кои продаваат сувенири беа отворени подоцна од другите денови поради празникот.

„Сега ја отворивте продавницата? Да, подоцна бидејќи вчера и завчера беше празник, ќе видиме како ќе биде, но се надеваме дека ќе биде добро.“

„Се молевме за здравје, среќа и благослов, за доброто на семејството и пријателите. Се надеваме дека ќе имаме подобра година, среќни празници.“

Поради Божиќ кој годинава се падна во недела, граѓаните имаат продолжен викенд и денеска е неработен ден за сите.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button