ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Охридската болница за срцеви заболувања уште чека ангиограф

Охридската болница за срцеви заболувања уште чека ангиограф

Бројните ветувања со години дека охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања, кој е регионален ќе добие уште еден ангиограф останаа само празни зборови .Болницата работи со само еден ваков апарат, кој е неопходен за третирањато на пациенти со кардиоваскуларни заболувања.За да може да се реализира планот Охрид да прерасне во регинален центар и за третман на акутен мозочен удар, а пациентите да немора да се препраќаат во Скопје потребно е проширување на капацитетите и итно доопремување на болницата.

„Приоритетно е она што години наназад го кажуваме, а тоа е уште една ангио сала и уште еден ангиограф..Ние имаме доставено и идеен проект за уште една сала која би значела намалување на листата на чекање на пациентите но и резервен апарат.Години наназад се случуваше дефект на апаратот, а пациентите беа праќани на Клиниката за кардиологија во Скопје, беа одложувани елективните пациенти што е голем проблем“, изјави Елена Коваческа Башуроска- директорка.

Неодамна при посетата на болницата нов ангиограф вети и заменик министерката за здравство,Маја Манолева.Но и сите ресорни министри за здравство постојано ветуваа дека проблемот ќе се реши.

„Барањата од институцијата се стигнати во министерството за здравство и се надеваме дека во наредниот период ќе можеме позитивно да одговориме на се она што се бара поради реалните потреби на нашите граѓани односно пациентите“, рече Маја Манолева-заменик министерка за здравство.

Болницата е втора по големина во државата.и во неа се третираат пациенти со сериозни срцеви заболувања од целиот Југозападен дел на државата многу често и од други градови и од соседна Албанија. Центарот покрива територија со повеќе од 350.000 жители,годишно се изведуваат преку 2500 интервентни процедури,а секојдневно се преку 120 специјалистички прегледи.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button