ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Владата сака да вдоми 100 партиски судии и обвинители од СДСМ и ДУИ“

„Владата сака да вдоми 100 партиски судии и обвинители од СДСМ и ДУИ“

Укинувањето на електронското тестирање за кандидатите на Академијата за судии и обвинители и воспоставување на систем за рачно, односно писмено тестирање со владина одлука, според ВМРО-ДПМНЕ е можност за вработување на партиски кадри на СДСМ и ДУИ. Антонио Милошоски на социјалните мрежи ја објави владината одлука и законот за Академија за судии и јавни обвинители кои меѓусебно се во судир.

„Имено, на 22ри јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ&СДСМ да поминат со максимум бодови, Владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски.
📍 Ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО каде изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а сè со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители“, напиша Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Алсат упати прашања до Владата дали е ова точн и да ни ја објасни донесената одлука? Но, одговор не добивме.
Во владината одлука пак, што ја објави Милошоски, се вели дека постапиле по барањето за итна интервенција за продолжување на приемниот испит на Академијата.

„Сите институции кои треба да го одржат електронскиот испит се обврзани да го направат во писмена форма, со електронски читач без човечки фактор, до завршување на тендерската постапка во Министерството за информатичко општество и администрација“, се вели на Одлука на Владата.

Милошоски тврди дека власта брза да вдоми уште 100 обвинители и судии, бидејќи знае дека е на заминување, а директорот на Агенцијата Габер, како и членовите на Управниот одбор треба да размислат сериозно дали ќе постапат според владиниот заклучок или ќе ги почитуваат законските обврски за полагање на квалификацискиот тест.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button