СПОРТФОРМУЛА - 1

Карлос Саинц ќе вози за Ферари во Мелбурн

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, најверојатно ќе учествува на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија. Како што денеска објави „Скај спортс“, Саинц се очекува да вози во Мелбурн, откако се опорави од операција на слепо црево. Според овој извор планот на ферари е Саинц да вози во Австралија.

Advertisements

Шпанскиот возач учествуваше на првите два тренинзи пред трката во Саудиска Арабија пред да биде опериран на 8 март. Саинц беше заменет во Ферари со британскиот тинејџер Оливер Берман, кој заврши седми на трката во Џеда. Берман ќе ја продолжи сезоната во Формула 2 во Мелбурн.

Саинц заврши на третото место на првата трка сезонава во Бахреин. Тој ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната, бидејќи италијанскиот тим за 2025 година го ангажираше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој на крајот од сезоната го напушта Мерцедес.

Сезоната во Формула 1 продолжува овој викенд во Мелбурн, со трката за ГН на Австралија, во недела во 5 часот по средноевропско време

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button