КОШАРКАСПОРТ

Кевин Дурант, е осми стрелец во историјата на НБА

Еден од играчите со долг стаж во НБА лигата, Кевин Дурант,  од синоќа е осми стрелец во историјата на НБА откако го помина Шекил Онил кој досега беше на таа позиција.

Дурант го заврши натпреварот со 22 поена и сега има 28.610, 14 повеќе од поранешниот центар. Пред него сега е Вилт Чембрлен, но разликата изнесува околу 3.000 поени, па на Дурант ќе му биде потребно подолго време за, евентуално, да се искачи уште едно место погоре.

Оваа сезона, крилото на Феникс успеа на листата на стрелците да помине уште неколку големи имиња на НБА: Хаким Олајџувон, Елвин Хејс, Мозес Мелоун и Кармело Ентони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button