ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шест пожари на отворено во последното деноноќие

Во последното деноноќие регистрирани се шест пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера од 10:30 до 12:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селото Сачево. Со пожарот била зафатена поголема површина, поточно 20 хектари, а интервенирале пет пожарникари со две противпожарни возила,  информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ТППЕ Велес вчера од 13:08 до 14:20 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубриште во село Речани.

Двајца пожарникари со едно возило од ТППЕ Кавадарци вчера од 15:10 до 15:50 часот интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1,5 декари во село Дреново.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово вчера од 10:55 до 11:25 часот гаснеле запалена ниска вегетација во село Романовце.

ТППЕ Тетово вчера од 16:30 до 17:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот за село Требош.

РЦУК Скопје информира дека вчера околу 14:40 часот добиле пријава за пожар на отворено на три километри северно од село Горно Количани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button