СПОРТФУДБАЛ

Медиумите во Италија: Наполи го продаде Осимен за 120 млн евра

Според медиумите во Италија, Наполи ја продаде својата најголема ѕвезда Виктор Осимен и тоа за 120 милиони евра, што е рекорден трансфер за актуелниот првак.

Advertisements

Новинарот на радиото „Кис Кис“, Карло Алвино откри дека Наполи склучил договор за продажба на својот голгетер, притоа не откривајќи кој е „купувачот“.

ПСЖ и Челси беа најзаинтересирани за услугите на 25-годишниот голгетер, и за очекување е еден од тие два клуба да биде следната дестинација за нигериецот.

Осимен во оваа сезона не е на нивото од лани, кога на Наполи му ја донесе титулата. Една од причините се повредите, со оглед дека во оваа сезона играше само на 17 натпревари и постигна 13 гола./ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button