СПОРТФУДБАЛ

Сака, Мартинели и Габриел, спремни за пресметката со Ман. Сити

Микел Артета изгледаше расположено на неговата прес-конференција пред неделното дерби во Премиер Лигата против Манчестер Сити. Шефот на „топчиите“ изјави дека Букајо Сака, Габриел Мартинели и Габриел Магалјаеш имаат големи шанси да бидат подготвени за големата пресметка на стадионот „Итихад“.

Според информациите, во последните 10 дена тројцата лекувале повреди. Сака го напушти таборот на репрезентацијата на Англија за да го продолжи опоравувањето во клубот. Мартинели испадна од репрезентативниот тим на Бразил. Крилниот напаѓач ја заработи повредата на почетокот на март во победата на Арсенал против Шефилд Јунајтед од 6-0.

„Имаат шанса да играат. Тие досега не беа со нас на теренот, но имаат добри шанси да бидат достапни за големиот натпревар“, изјави Артета.

Арсенал ќе се обиде да дојде до првата победа на гости кај Манчестер Сити по 2015 година. Сака ја пропушти победата од 1-0 над „граѓаните“ во октомври поради повреда. Крилниот напаѓач е најдобар стрелец и асистент на тимот оваа сезона со 16 гола и 13 асистенции во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button