СПОРТФУДБАЛ

Баерн во напредни разговори со агентите на Нагелсман

Баерн Минхен ќе мора да ја продолжи потрагата по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната.

Првата желба беше Чави Алонсо, но тој најави дека и следната сезона ќе остане во Баер Леверкузен. Како што пренесува „Билд“, кој има проверени информации за клубот од Минхен, клубот сега го сака Џулијан Нагелсман назад.

Тоа го форсира новиот спортски директор Макс Еберл кој веќе разговарал со агентите на актуелниот германски селектор кој е подготвен да се врати во Минхен.

Истиот извор забележува дека управата на клубот не била за враќање на младиот германски стратег, но попуштиле откако Чаби Алонсо одбил да дојде во Минхен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button